Стар Завет · Четврта книга Царства
и се молеше Језекиј пред лицето Господово и велеше: „Господи, Боже…
и се молеше Језекиј пред лицето Господово и велеше: „Господи, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти си еденствен Бог на сите земни царства. Ти го создаде небото и земјата. Наклони го, Господи, увото Свое и чуј ме; отвори ги, Господи, очите Свои и погледни, и чуј ги зборовите на Сенахирима, кој испратил да Те навредуваат Тебе, живиот Бог! Навистина, о Господи, царевите асирски ги сотреа народите и земјите нивни, и ги нафрлаа боговите нивни во оган, но тоа не беа богови, туку изработки на човечки раце, – дрво и камен, затоа и ги истребија. И сега, Господи Боже наш, спаси ни од рацете негови, и сите земни царства ќе познаат дека Ти, Господи, си единствен Бог.”
Прочитај на изворот →