Стар Завет · Книга Исус Навин
Поради кражба на проколнати работи Ахана го казнуваат со каменување.
И рече Исус: „Ти се молам, Господи Боже, зошто го преведе слугата Твој народот преку Јордан, за да ги предадеш во рацете на Аморејците на погубување? Камо да бевме останале да живееме од онаа страна на Јордан! О, Господи, што да кажам, бидејќи Израилот го свте грбот пред своите непријатели? Хананејците и сите жители на земјата ќе чујат, ќе нè опколат и ќе нè истребат нас од земјата. И што ќе направиш за името Твое Големо?”
Прочитај на изворот →