Стар Завет · Книга Јудита

Востание во Јудеја. Молитва на покајание.

Неодамна се беа вратиле од ропство, неодамна се беше собрал целиот јудејски народ и ги беа осветиле осквернетите садови, жртвеникот и домот на Господа. Затоа испратија гласници во подрачјето на Самарија, Конаија, Ветерон, Велмен и Јерихон, во Хова, Есора и Салимската рамнина, ги зазедоа сите врвови на високите планини, ги заградија со ѕидови населбите, кои се наоѓаа на нив, и собраа жито за храна во случај на војна, бидејќи нивните ниви само што беа ожнеани. Тогаш првосвештеникот Јоаким, кој тие денови се наоѓаше во Ерусалим, им напиша на жителите на Ветилуја и на Ветоместем, кој се наоѓа спрема Ездрилон на предната страна од рамнината, близу до Дотаим, – да ги заземат ридските премини, зашто преку нив водеше патот во Јудеја и лесно им беше да му попречат на непријателот, зашто клисурата беше тесна дури и за двајца.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Молитвата на Јудита.

„Господи, Боже на мојот татко Симеона, чија рака Ти ја вооружи со меч да им се одмазди на туѓинците, кои заради срам беа соблекле една девојка, и ги разголија…