Стар Завет · Книга пророк Даниил

Данииловата покајничка молитва.

Ги кренав очите и видов: а таму при реката стои еден овен: тој имаше два рога и рогови високи, но едниот беше повисок од другиот и повисокиот се извиши подоцна. Видов како тој овен бодеше кон запад, кон север и кон југ и ниеден ѕвер не можеше да устои против него, и никој не можеше да се избави од него; тој вршеше што сакаше и се осили. Со внимание го гледав тоа и ете, од запад идеше еден козел, кој ја изоди целата земја, не допирајќи се до неа; и тој козел имаше знаменит рог меѓу очите свои. Се впушти врз оној овен што имаше рог и кога го видов како стои крај реката, тој се фрли врз него со силна јарост. И видов кога тој се приближи до овенот, свирепи се фрли на него и му ги скрши двата рога; и на овенот не му стигаа силите да устои против него, па затоа го кутна на земја и го згази, и немаше никој овенот да го избави од него.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Данииловата покајничка молитва.

Господи, по сета Твоја правда нека се одврати гневот Твој и негодувањето Твое од Твојот град, Ерусалим, од Светата Твоја Гора; зашто за гревовите наши и за…