Стар Завет · Книга пророк Јеремија

Плачот и молитвата на Јеремија.

Послушај ме, Господи, и чуј го гласот на моите противници. Треба ли да се враќа зло за добро, а тие ми копаат јама за душата моја. Сети се дека стојам пред лицето Твое, за да зборувам добро за нив, за да го одвратам од нив гневот Твој. И така, предај ги синовите нивни на глад и направи да загинат од меч; жените нивни да немаат деца и да станат вдовици, мажите нивни да умираат, а младичите нивни да бидат убивани во бој. Нека се слуша пискот од куќите нивни, кога ненадејно ќе испратиш војска; зашто тие копаат јама, за да ме фатат, и тајно поставија замка за нозете мое. Но Ти, Господи, им ги знаеш сите нивни сплетки против Мене, за да ме убијат; не проштевај ги неправдите нивни, и не бриши го гревот нивни, пред лицето Свое; нека попаѓаат пред Тебе; дејствувај против нив, кога си гневен.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Бог го казнува Својот народ со мерка.

Знам, Господи, дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои. Казни ме Господи, но по правда, не…

Објавување суша и глад.

Зар наполно ти го отрфли Јуда? Зар душата Твоја го замрази Сион? Зошто така нè поразуваш, за да не можеме да се излечиме? Чекаме мир – а нема ништо добро;…