Стар Завет · Книга пророк Јона

Молитвата на Јона и неговото избавување.

па рече: „Кон Господа повикав во мојата неволја Он ме чу; извикав од утробата на пеколот – и Ти го чу гласот мој.” Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минеа преку мене. Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, но сепак, ќе ја видам светињата Твоја. Ме притиснаа водите до душата моја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена. Слегнав до основите на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ќе ја изведеш душата моја од пеколот. Кога изнемогна душата моја, се сетив на Господа, и молитвата моја стигна до Тебе, до светиот храм Твој. Оние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден, но јас со похвален глас ќе Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ќе го исполнам. Во Господа е спасението!”
Прочитај на изворот →