Ерусалиме, граде свет, Он ќе те казни за делата на твоите синови и пак ќе те помилува за твоите праведници. Со усрдност прославувај Го Господа и благословувај…
Стар Завет · Книга Товит
Товитовата молитва
Па почнала да се моли кај прозорецот, велејќи: „Благословен си, Господи, Боже мој, и благословено е Твоето свето и славно име до века, нека Те благословуваат до века сите Твои созданија! Сега ги свртувам очите мои и лицето мое кон Тебе, Господи Ти се молам, земи ме од земјата и не дозволувај веќе да слушам прекори! Ти знаеш, Господи, дека сум чиста од секаков грев со маж, дека не сум го обесчестила своето име, ни името на мојот татко; јас сум единствено чедо, тој нема син, кој би можел да го наследи, ни близок брат, ни син од брат, за кого би можела да се омажам. Ако, пак, не Ти е угодно да ме умртвиш, тогаш благоволи да ме погледнеш и да ме помилуваш, за да не слушам веќе прекори.”
Прочитај на изворот →