Нов Завет · Послание на светиот апостол Павле до Ефесјаните
Молитва за растење во милоста
Од Павла, по волјата Божја апостол на Исуса Христа, до светиите, што се во Ефес, и до верните во Исуса Христа: благодат и мир на вас од Бога, нашиот Отец, и Господа Исуса Христа! Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нè благослови во Христа, со секаков духовен благослов од небесата, како што и нè избра преку Него, уште пред светот да се создаде, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта, откако предопредели да нè посини за Себе преку Исуса Христа, по благоволение на Својата волја, за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нè облагодати преку Својот Возљубен Син, во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите +по богатството на Неговата благодат.
Прочитај на изворот →