а те молам и тебе, искрени сотрудниче, помагај им ним, кои што се грижеа во Благовестието заедно со мене и со Климента и со другите мои сотрудници, чии имиња…
Нов Завет · Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните
Неговата молитва
Од Павла и Тимотеја, слуги на Исуса Христа, до сите светии во Христа Исуса, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите: благодат и мир на вас од Бога, Отецот наш и од Господа Исуса Христа! Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас – во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас – односно за вашето учество во Благовестието од првиот ден дури досега, уверен во тоа дека Оној, Кој го започна во вас доброто дело, ќе го извршува дури до денот на Исуса Христа, како што е и право да го мислам тоа за сите вас, оти ве имам на срце – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам Благовестието, бидејќи сите вие сте ми соучесници во благодатта.
Прочитај на изворот →