Нов Завет · Послание на светиот апостол Павле до Колосјаните
Благодарност на Бога и молитва поради верата на Колосјаните
Од Павла, по волјата Божја апостол на Исуса Христа, и братот Тимотеј, до светиите и верните браќа во Исуса Христа што се во Колоси: благодат на вас и мир од Бога нашиот Отец и Господа Христа! Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, молејќи се секогаш за вас, бидејќи чувме за вашата вера во Христа Исуса и за љубовта ваша, која ја имате кон сите светии, поради надеж на она што ви е определено на небесата, за кое порано чувте од вистинското слово на Благовестието, кое што е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден, кога ја чувте и познавте вистински Божјата благодат. Како што и узнавте од Епафрас, нашиот возљубен сотрудник, кој е верен слуга Христов заради вас,
Прочитај на изворот →