Стар Завет · Прва книга Царства
Самуил се удостои како верен пророк Господов.
Викна Господ кон Самуила и третпат. Тој стана и отиде при Илиј и рече: „Еве ме! Ти ме повика?” Тогаш Илиј разбра, дека Господ го вика момчето. И му рече Илиј на Самуила: „Оди легни си, и кога Оној што вика, ќе те повика, ти кажи: „Говори, Господи, бидејќи Твојот слуга слуша.” И отиде Самуил и легна на местото свое. И Господ дојде, застана и викна, како првиот и вториот пат: „Самуиле! Самуиле!” И Самуил рече: „Говори Господи, бидејќи Твојот слуга слуша.”
Прочитај на изворот →