Стар Завет · Прва книга Ездра

Покајничката молитва на Ездра.

и реков:”Боже мој, срам ми е и страв ми е да го покажам моето лице кон Тебе, Боже мој, зашто беззаконијата ни се натрупаа до над главата, и вината ни нарасна до небесата. Од дните на татковците наши до денес ние сме во голема вина, и поради нашите беззаконија бевме предадени ние, царевите наши, свештениците наши,-во рацете на другоземни цареви, на меч, во пленство, на грабеж и навреди, како што е и сега.
Прочитај на изворот →