Господи, по сè она што го чув со ушите свои, сличен на Тебе нема и нема Бог освен Тебе. И кој е сличен на Твојот народ Израилот, единствен народ на земјата,…
Стар Завет · Прва книга Летописи
Помазание на Соломона, Давидовата смрт.
И сега, Боже наш, Те славословиме и го фалиме Твоето величествено име. Зашто, кој сум јас, и кој е мојот народ, та можеме да жртвуваме толку? Но од Тебе е сè, и добиеното од Твојата рака Ти го дадовме зашто ние сме туѓинци пред Тебе и придојдени, како и сите наши татковци; нашите дни се како сенка на земјата, и нема ништо трајно. Господи, Боже наш! Сето ова богатство, што го приготвивме, за да Ти изградиме дом Тебе, на Твоето свето име, е од Твоја рака, и сè е Твое. Знам, Боже мој, дека Ти го испитуваш срцето и ја сакаш чистосрдечноста; јас со чисто срце го жртвував сето ова, и сега гледам, дека и Твојот народ, кој е собран тука, со радост жртвува за Тебе. Господи, Боже на Авраама, Исака и Израила нашите татковци, запази го тоа за секогаш, тоа расположение на срдечните мисли во Твојот народ, и управи го неговото срце кон Тебе.
Прочитај на изворот →