Стар Завет · Трета книга Ездра
Создавањето на првиот човек и неговото отпаѓање од Бога.
па реков: <„Владетелу, Господи, Ти во почетокот рече, кога Ти самиот ја основа земјата, и ѝ заповеда на земјата, да му даде на Адам смртно тело, кое беше, исто така, создание на Твоите раце; Ти вдахна во него дух за живот, и тој стана жив пред Тебе Ти го воведе во рајот што го насади Твојата десница, пред земјата да роди плодови. Ти му заповеда да ја пази Твојата заповед, но тој ја наруши; Ти го осуди на смрт, него и неговиот пород. Од него произлегоа поколенија и племиња, народи и фиданки од нив, кои немаат број. Секој народ почна да прави што сака, да прави неразумни дела пред Тебе и да ги презира Твоите заповеди.
Прочитај на изворот →