Молитви во текот на денот

Молитва кон Господа Исуса

Просвети ме добри Исусе, со сјајот на вна­трешното светло и истерај ја од собата на моето срце секоја темнина. Скроти ги многуте престапи и отклони ги силните на­пасти. Бори се одлично за мене и истерај ги дивите ѕверови, т.е. замамните пожуди; за да бидам мирен во Твојата добродетел и да одекне изобилна благодарност кон Тебе во светиот двор, т.е. во чистата совест. Заповедај им на ветриштата и бурите, речи му на морето: Смири се! И на северниот ветар: Не дувај! и ќе настане голема тишина. Ис­прати го Твоето светло и вистина (Пс. 42,3) да светат на земјата, зашто јас сум земја пуста и празна додека Ти не ме просветлиш. Излиј ја одгоре Твојата милост, накваси го моето срце со роса, пушти ја водата на побожноста да го накваси лицето на земјата и да даде обилен и најдобар плод. Подигни го духот, притиснат од тежината на гревот, и насочи ги сите мои желби кон небеските работи. Та откако ќе вкуси од милината на небеската среќа, да замрзи да мисли на зем­ното. Зграби ме и оттргни ме од секоја мин­лива утеха и било кое создание, зашто ништо создадено не е во состојба потполно да го задоволи мојот копнеж и да ме утеши. Приврзиме за себе со неразврзливата врска на љубовта, зашто Ти единствено си доволен на оној којшто љуби, а без Тебе сè е безвредно. 2 Господи, Боже, дај ми Ти што сакаш, колку сакаш и кога сакаш. Прави со мене како што Ти се допаѓа, но така да можеме да Те препознаеме во Твоето дело. Постави ме кајшто сакаш и постапувај со мене според Својата драга волја. Во Твојата рака сум. Прави со мене што сакаш. Твој сумслуга, на сè сум спремен. Не сакам да живеам за себе, туку за Тебе и тоа потполно и достојно на Тебе.

Поврзани молитви

Молитва пред ручек

Господи Исусе Христе, Боже наш, бла­гослови ни го јадењето и пиењето нам, на Твоите чеда и умножи го во овој дом по мо­литвите на Твојата Пречиста Мајка и на…