Господи, Исусе Христе, Боже наш, Кој си дошол на земјата за да ни го покажеш патот на вистината и да нè воведеш во царството на Твојот небесен живот,…
Молитви при патување
Молитва кон Пресвета Богородица
О, Пресвета Владичице моја, Дево Богородице, патоводителке, закрилнице и надеж на моето спасение, благослови ме да појдам на овој пат, Тебе Ти ги предавам, и мојатадуша, и моето тело. Им се доверувам на Твојата грижа и на Твојата сесилна помош. Од сè срце Те молам, милостива Мајко, води ме на овој пат, чувај ме од секаква несреќа и тага, од видливи и невидливи непријатели. Моли Го, Богородице, милостивиот Бог, Кој во старо време му го испратил ангелот Рафаил на својот слуга Товија да го чува по патот од секакво зло, и мене сега да ми испрати ангел учител и патоводител, за да ме чува при патувањето и да ме врати дома здрав и спокоен за слава на Неговото свето име. Јас ќе Го прославам во сите дни на својот живот, а Тебе ќе Те воспевам, Владичице, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
Поврзани молитви
Владико, Господи Исусе Христе, Боже наш, Ти заедно со Твоите свети ученици си пловел и си ја стивнал бурата. Господи, патувај со нас. Стивни го бурниот ветер и…