Утрински молитви

Молитва кон Пресвета Троица

Слава Тебе, Боже наш, слава Тебе. Цару Небесен, Утешителу, Духу на висти­на­та, Кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на добрини и делителу на жи­вотот, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши! Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмртни, помилуј нè! ( Трипати ) Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин! Пресвета Троица, помилуј нè. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико, прос­ти ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите слабости, заради Тво­ето име. Господи, помилуј! ( Трипати) Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на зем­јата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници; и невоведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот, зашто Твое е царството, и сила­та, и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Помилуј нè, Господи, помилуј нè, зашто ние грешните немаме никакво друго оправдување. Ти ја пренесуваме оваа утрин­ска молитва како на Владар. Ние во Тебе се надеваме; не биди гневен на нас, туку со своето милосрдие погледни и избави нè од нашите непријатели, зашто Ти си Бог наш, а ние сме Твои луѓе, сите сме дело на Твоите раце и го повикуваме Твоето име, сега, секо­гаш и во вечни векови. Амин. Благословена Богородице отвори ни ги вратите на милосрдието, за да нè пропад­неме ние коишто се надеваме на Тебе, но со Тебе да се избавиме преку тебе од беди, зашто Ти си спасение на родот христијан­ски. Благословено да си Пресвето и неразде­ливо Тројство! Те славиме зашто постапуваш со нас по своето милосрдие. Господи, Ти си наш Господ! Колку е убаво Твоето име по целата земја! Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин. Те сакам, Творецу мој, зашто ме сочува оваа ноќ; Тебе Ти ја посветувам својата работа, душата и телото Ти ги предавам. Ти благодарам за сите добрини, особено што оваа ноќ ме чуваше со милост. Нека денешниов ден биде сè во Твоја чест и слава, сè што ќе мислам и зборувам, сè што ќе рабо­там и страдам! Откако станавме од сон, Ти се поклону­ваме, Благи; ангелската песна Ти ја пееме, Силен: Свет, свет, свет си, Боже, по мо­литвите на Богородица, смилуј се на нас. Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух; од постела и од сон ме дигна, Господи. Про­свети го мојот ум и срцето, и отвори ми ја устата, па да Те воспевам, Света Троице: Свет, свет, свет си, Боже, по молит­вите на Богородица, помилуј нè. И сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Ненадејно ќе дојде Судијата и делата на секо­го ќе се откријат, но со страв на полноќ ви­каме: Свет, свет, свет си, Боже, по мо­литвите на Богородица, помилуј нè!. Откако станав од сон, Ти благодарам, Света Троице, зашто поради Твојата голема добрина не се разгневи на мене мрзливиот и грешниот, ниту ме погуби заради моите без­законија, но се покажа, како и обично, човекољубив, и кога лежев без надеж, ме крена за да станам рано и да ја прославам Твојата сила. И сега просвети ми ги моите духовни очи, отвори ми ја устата, за да се поучувам со Твоите зборови, да ги раз­бирам Твоите заповеди, да ја извршувам Твојата волја, да Ти пеам со искрена пофал­ба и да го прославам Твоето пресвето име – на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, се­когаш и во вечни векови. Амин.