Милосрден Боже, Којшто никого не го искушуваш повеќе од неговите сили и Којшто си ги впишал сите мои дни во Твојата книга, дај ми вистинско христијанско…
Молитви кога сме во душевни таги и неволји
Молитва кон Светите бесребреници кузман и дамјан
Тешко страдам од мојата болест и доаѓам кај вас, свети чудотворци и целители, Кузмане и Дамјане, зашто вие сте проповедале дека душевната болест е потешка од која и да било немоќ и дека душата боледува поради гревовите, а кога душата е болна, тогаш и телото тешко боледува. Знам дека болестите го чистат човекот од неговите гревови. Ви се молам, свети чудотворци, помолете Го Господа да ми подари опростување на моите согрешенија. Јас сум слаб и беспомошен, силите мои исчезнале од болеста и затоа молам да не паднам во очајание и да не загинам. Побрзајте да ми помогнете, свети исцелители; ветувам дека, кога ќе оздравам, ќе живеам во покајание и ќе го завршам мојот живот во мир. Ви се молам, помолете Го Господа во судниот ден да застанам неосудено пред лицето на страшниот Судија на вселената, Кој ги познава тајните на човечките души. Нему да Му е слава, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
Поврзани молитви
Господи Исусе Христе, Боже Спасителу мој! Дај ми мене недостојниот Твој слуга, скрушение и освестување на срцето, за да Ти се молам умилно со чиста молитва, да…
Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги…