Се зарадував кога ми рекоа: Да појдеме во домот на Господа. Господи, по Твојата голема милост ќе влезам во домот Твој и ќе се поклонам пред Тебе со страв во…
Молитви за разни потреби
Молитва по завршување на работниот ден
Ти благодарам, Господи Исусе Христе, Боже мој, што ме удостои да се вратам здрав и неповреден од работа, та со бодро и благодарно срце да Ти пеам и да Те славам. Ти, божествениот Работник, не сметаше дека трудот унижува, туку со Твоите пречисти раце трудот го освети. Дај да се одморам од работата, со која ја исполнив Твојата волја. Пресвети Владико, Ти си рекол: Мојот Отец досега работи, и Јас работам. Со ова си ни оставил заповед усрдно и послушно да се трудиме во Твое име. Ти благодарам уште, премилостив Боже, затоа што ми даде сили, трпение и желба за работа, што не позволи да се вгнезди во мене мрзливоста, незадоволството и негодувањето, ами милостиво ме награди со радостод работата и ме исполни со признателност кон Тебе за Твојата постојана помош. И сега, кога Ти принесувам благодарствена песна, Ти се молам и во останатото време од мојот живот да ми бидеш крепок помошник во секое добро и на Тебе угодно дело, та и во вечноста да ја добијам наградата, приготвена за сите што се труделе во Твое име. Амин. Милосрден Господи и Владико на мојот живот, Ти си рекол: Дојдете при Мене сите изморени и оптоварени Јас ќе ве успокојам. Ете, доаѓам при Твојата благост и моето срце го прислонувам под Твоето меко крило, дарувај им мир на мојата душа и на моето тело, изморени од тешката дневна работа. Да се одмори моето срце, мојата душа да се успокои во Тебе, мојот Господ и Спасител, за да ја видам и јас, недостојниот Твој слуга, вечната светлина на Твојата вистина и да го прославувам секогаш Твоето пресвето име, името на мојот Благ Господ и Закрилник. Амин.
Поврзани молитви
Ти се поклонувам Тебе, мојот Господ Бог, Кој си присутен со Твојата благодат во Твојот свет храм, особено во пречистите и животворни тајни. Пред Тебе,…
Милостив Боже, Ти си вечната премудрост и изворот на духовната светлина и на знаењето. Испрати ми ја благодатта на ТвојотСветДух,зада се просвети мојот ум и…