Молитви за родна година

Молитва за благословување на посевите

Милостив Боже мој, Ти владееш над сè, ние живееме со Тебе, преку Тебе постоиме. Твојата десница нè крепи, нè храни и нè чува. Ете и јас, смирениот земјоделец, го сеам в земја она што го добивам од Тебе, за да изникне и расте по Твоја милост. Господаре на небото и на земјата, Ти, по Твојата премудрост, си наредил семето да се сее в земја и пак да воскреснува и да раѓа плод. Без Твоја волја ништо не бидува, па и целиот мој труд ќе отиде попусто, ако Ти не го благословиш. Ти владееш со небото, со земјата и со воздухот, Ти му даваш светлина на сонцето, за да ја стоплува и оплодува земјата. Ти ги даваш воздухот, топлината, дождот и росата. Понекогаш, за да нè казниш за нашите гревови, Ти даваш суша и поплава. Дај ми го секојдневниот потребен леб, благослови ги сите мои посеви, за да дадат плодови, потребни за одржување на нашиот живот. Ти не сакаш од мене жртви, какви Ти принесувале Твоите верни слуги: Аврам, Исак и Јаков. Ти се задоволуваш со жртватана чистото срце, а јас се трудам да Ти ја принесувам таа жртва. Прими ја, Господи, прими ја како благоуханен темјан на мојот труд. Благослови го ова семе да расте и да даде богат плод. Отстрани од оваа нива,а и од сите соседни ниви, секакво лошо време, поројни дождови, град и суша. Нека Твоето благотворно сонце ја грее и ја стоплува земјата, за да роди добар и изобилен плод. Амин.

Поврзани молитви

Молитва за дожд

Преблаг Боже, Создателу наш, Ти си направил сонцето да грее над добри и лоши и им даваш дожд на праведните и грешните. Милосрдно погледни кон нас грешните што…

Молитва кога паѓа многу дожд

Владико, Господи, Боже наш, Ти ја прими молбата на Твојот ревнител, пророк Илија и благоволи да го задржиш дождот за извесно време. И сега, човекољубив…