Молитви кога сме во душевни таги и неволји

Молитви во големи страданија и маки

1 Праведен Боже, долготрпелив и многумилостив! Признавам дека Ти Си ми ги наметнал и Си ми ги испратил овие страданија од љубов, а не поради омраза, зашто оние кои ги љубиш ги накажуваш и го биеш секој син што го примаш. Ти рануваш и гипреврзуваш раните; Ти истоштуваш и Твојата рака исцелува; Ти умртвуваш и оживуваш, смируваш и воздигнуваш, фрлаш во пеколот и вадиш од таму! Ти чудесно ги водиш Своите светии! Ако сакаш да оживиш, пред тоа умртвуваш; ако сакаш да прославиш, претходно смируваш; ако сакаш да зарадуваш, претходно огорчуваш; Ти ги накажуваш Своите, но на смрт не ги предаваш! Ти, Оче, си Го поставил пред мене како огледало на трпението Твојот возљубен Син и си ми заповедал да одам по неговите стапки. Јас, бедниот слуга, не сум подобар од мојот Господ. Тој преку страданијата влезе во Својата слава: дај ми да го следам и по тесниот пат да влезам во Божјото царство! Дај ми помисла, дека сите коишто ќе сакаат да живеат благочестиво во Христа Исуса, ќе бидат прогонувани. Направи со трпение да го поднесувам Твоето наказание, зашто преку него Ти постапуваш како таткото со своите деца. Оче! Колку малку е способен мојот разум да се покорува на Твоето раководство, та да сум трпелив во жалостите и да се радувам на надежта, спомнувајќи си дека го носам Христовото бреме, коешто би требало да го носам доброволно и со радост, а не со принуда! Секое наказание во сегашно време ми изгледа како жалост, а не радост, но притоа потоа произведува мирен плод на правдата за оние коишто преку него се поучиле. Затоа дај ми трпение, себлаг Оче! Не дозволувај им на искушенијата да го оттргнат Твоето слово од моето срце, да ми ја ослабат верата, да ја задушат молитвата, да возбудат нетрпение и тревога во моето срце! Направи да не роптам против Тебе. Не ставај врз мене, милосрден Боже, жестоки страданија; спомни Си дека сум прав и пепел, дека мојата сила не е од камен и дека мојата плот не е железо. Господи Исусе Христе, верен Првосвештенику! Ти си бил искушуван во сè во што и ние сме искушувани и затоа, се разбира, Ти имаш сочувство кон мојата слабост. Стори сега и јас да најдам благодат и милосрдие за благовремена помош! Поткрепи ги моите ослабнати раце и утврди ги колената што се наведнуваат, за да не се поколебам! Само Ти си сила за уморените, јакост за слабите, сенка во горештините и засолниште во бурите. А, бидејќи таква е Твојата волја, за кратковреме овде јас да пострадам и да минам во жал, дарувај ми трпение и укрепи ме да победам секое зло, што, по Твое допуштение, би ми го направиле светот и сатаната! Направијассобезмолвиеи надеж да се укрепувам за добивање помош и да ја соединувам верата со добродетелта, со доброделта трпението, со трпението благочестието, и мојата испитана вера да се јави поскапоцена од минливото, дури ако е и со оган испитано, злато. О, Боже, Свети Душе, сладок елеју на радоста! Израдувај ми го срцето и направи со вера да гледам на идната слава, во споредба со која ништожни се сегашниве привремени страданија. Ти си Дух на славата, Којшто почива врз сите прогонувани и презрени. Ти ќе ја преобратиш мојата жалост во радост, страданијата во чест, понижението во слава. Јас верувам во тоа и помогни ми да го постигнам за вечноста. Амин. 2 Кон Господа Вечен и Милосрден Боже и многумилостив Оче наш, маките и тешките неволји што ме снашле страшно ја измачуваат мојата душа. Но Тебе така Ти било угодно, затоа јас сè доброволно поднесувам. Сите мои телесни страдања и душевни маки ги трпам и поднесувам како отплата за моите гревови, а за мое спасение. Те молам, милостив Боже, дај ми трпение и сила, та да поднесувам сè онака, како што тебе Ти е угодно и да се спасам. Амин. Кон Пресвета Богородица Пресвета Дево, Мајко на Севишниот Господ, Семилостива Заштитнице и Покровителке на сите што со вера Ти пристапуваат, погледни на мене од височината на Твојата небеска слава, послушај ја мојата смирена молитва и принеси Му ја на Твојот сакан Син. О, Преблагословена Богородице, Ти си скоропослушница на сите и радост на наскрбените; послушај ме мене нажалениот. Ти ги смируваш тагите, смири ги и моите жалови и излекувај ги моите душевни и телесни болести. На Тебе, после Бога, ја полагам секоја моја надеж, биди ми Закрилница и силна Застапница пред Твојот Син, Господ наш Исус Христос. Засили ја мојата вера во Него. Утврди ме во Неговата љубов и научи ме да Те сакам и да Те прославувам, Пречиста Мајко Божја, Богородице Маријо. Се засолнувам под Твојот свет покров, Пречиста Богородице, закрилувај ме. Амин. 3 Ти благодарам Тебе, Оче на милосрдието и Боже на секоја утеха, што никогаш не ги оставаш оние кои страдаат без посетување и утеха. Ти ги накажуваш, но на смрт не ги предаваш – Ти си нивни Спасител! Ти ги водиш во пустина, но и им зборуваш според нивното срце. Таа утеха, о Господи, запечати ја во моето срце и јави ја вистинска над мене кога неволјата е близу, а помошник нема. Биди ми моја светлина кога седам во темница; направи сознанието на моите гревови и тоа што тие го залужуваат да создава во меневистинско смирение и трпение. Укрепи ја во мене верата кога ќе наиде неволјата, како на Јакова, и јас да не Те пуштам додека не ме благословиш! Направи во страданијата да не бегам од Тебе, о Пастиру мој, туку бодроста да се наголеми и да станам поусрден во молитвата и пофалбата на Тебе. Отвори ми го умот за да го разбирам Писмото, за да се поучувам од него на Твоите патишта и во срдечно безмолвие потполно и сосема да Ти се прададам Тебе, преку Твојот Син и нашиот Господ Исус Христос. Амин.

Поврзани молитви

Молитва во жалости

Милосрден Боже, Којшто никого не го искушуваш повеќе од неговите сили и Којшто си ги впишал сите мои дни во Твојата книга, дај ми вистинско христијанско…

Молитва за нашите покојни

Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги…