Милосрден Боже, Којшто никого не го искушуваш повеќе од неговите сили и Којшто си ги впишал сите мои дни во Твојата книга, дај ми вистинско христијанско…
Молитви кога сме во душевни таги и неволји
Молитви за затвореници
1 Господи, Боже мој! По Својата милост Ти си ме создал од ништо и си ме украсил со Својот лик, а јас не помислив и не се потрудив да Ти заблагодарам како што треба, ни за тоа што си ми го дал животот, ниту за тоа што си ме поставил над сите созданија како нивни господар. Ти си ме удостоил да гопримам светото крштение кога бев дете, а јас уште од детството не ја запазив благодатта на крштението, зашто уште од младоста започнав да лажам, да зборувам срамни зборови, да пеам нечесни песни, да го утајувам туѓото, да се противам на родителските заповеди, да ги презирам советите на постарите, а помалите од мене без причина да ги тепам. Кога пораснав, се праедадов на различни страсти, на пијанство, на блуд, на незаконска печалба, на гнев и гордост. Премногу ги осквернавив, и телото, и душата со гревови. Во каква сè нечистотија не паднав јас непокајаниот! Какво сè беззаконие не си замислив на јаве или на сон. За какви не сè лоши дела не помислив во својата душа! Колку многу непотребни фантазии не влегоа во мојата душа! Колку самољубец бев јас и не помислив дека треба да имам христијанска љубов спрема ближниот! Го направив жестоко, безмилосно, нечувствително срцето свое до таа мерка што не се смилував, ниту се ожалостив ни на молби те, ни на солзите, ни на офкањата на тие што страдаа од мојата злоба или грабеж. Потоа, не ги признавав и не ги откривав моите јавни вини пред судиите. Многупати лажев на судењата без да се збунам. Немав никаков срам од народот, ниту страв пред Бога. Заборавав да се молам наутро и навечер, ниту еднаш не се прекрстив и се покажав како безбожник. Во разговорите соближните избегнував да го спомнувам името на мојот Создател и Спасител. А името на непријателот на моето спасение, ѓаволот, горко на мене неразумниот, почесто го спомнував… Иако добив многу добрини од Твојата рака, милостив Господи, иако гледав болести и други посештенија на моите ближни, сепак не се вразумував, за да се покајам пред Тебе! И така, на тој начин, јас до крај отстапив од Тебе, Господе мој! Отстапив од Тебе, како блудниот син, во далечна страна: се оддалечив, не според местото, зашто Ти си насекаде и ништо не може да се сокрие од Тебе, туку се оддалечив со духот и животот. Го покрив со мрак Твојот лик и подобие во мене, заличив повеќе на паднатите духови на кои и им се предадов. Можам ли да замислам некој сличен да е како мене грешник? Јас, непокајаниот, згрешив повеќе и од самите христоубијци! И така, откако се оддалечив од Тебе, Боже, стигнав и до овој затвор, станав по име и со животот престапник… Но, Господи, Господи! Јас Те оставив, но Ти не оставај ме! Не одвраќај го Своето лице од мене, зашто сум во жал. Не допуштај да загинам во законопрестапните дела, иако не сум достоен да бидам помилуван од Тебе. Помилуј ме, Боже, според Својата голема милост! На било кои начини знаеш, спаси ме мене многугрешниот. Ти си, Боже, Бог на тие што се кајат и Тебе Те прославувам, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и во вечни векови. Амин. 2 Долготрпелив и многумилостив Господи! Јас, затворениот припаѓам при Тебе и топло Ти се молам, како што силниот Самсон ја запозна и ја разбра својата бесилност кога беше окован во железни прангии се обрна кон Тебе, сесилниот Бог, како што нечестивиот Манасија во ропство и во затворот што Те побара Тебе, вистинскиот Бог, како што заробените Јудеи најдобро во туѓата земја Те разбраа Тебе, Бог на нивните татковци, како што блудниот син си спомна за татка си кога отиде во далечна земја и почна да гладува, така и јас од сега Те познавам и поусрдно Те молам. Сега јас сум оттуѓен од односите со луѓето, но Ти си Тој којшто ги бара оттуѓените, отстранетите, оддалечените и изгубените. Немам при мене, ниту татко, ниту мајка, ниту брат, ниту некој пријател за да ми помогнат; никој одовде не го слуша мојот вик, но Ти сиблизок до сите кои се нажалени и кои Те повикуваат на помош! О, милосрден Боже, ако и згрешив повеќе и од бројот на морскиот песок пред Тебе, ако и не сум достоен да гледам на небеската височина поради многуте мои гревови, Ти, кој не си злопамтив, прими ме мене којшто се кајам! Тебе единствено Ти згрешив и пред Тебе единствениот се кајам! Најмилостив Господи! Спаси ме дури сосема не сум загинал. Амин. 3 (Кон св. Богородица) О, пресвета Дево, Мајко на мојот Господ и Спасител! Сите луѓе прибегнуваат при Тебе и никој не си оди од кај Тебе празен, ако се моли за добро. Ти се молат архиереи и свештеници, зашто си мајка на великиот Архиереј кој ги приклонил небесата. Ти се молат монаси и монахињи, зашто самата си пречиста Дева. Те молат татковци и мајки во страданијата и тагите за чедата коишто лежат болни или живеат далеку, зашто самата со тага си го барала Својот Син кога како дванаесетгодишно момче остана во Ерусалим. Ти се молат прогонетите, зашто си претрпела прогони од Ирода со божествениот Младенец. Кон Тебе се издигнуваат молитвите на тие што умираат, зашто стоешеприкрстотнакојшто умираше Твојот Син. Ти се молат праведните и сите коишто сакаат да живеат благочестиво и никој од нив не би постигнал праведност, ако не те имал Тебе за молитвеница. И така, сите Те имаат за усрдна заштитница и на сите брзо им помагаш! Не ќе бидам ли јас грешниот во затворов заборавен од Тебè Не ќе ме примиш ли мене којшто при Тебе прибегнувам под Твојот покров? Не! Бидејќи си мајка на Спасителот на загубените грешници, бидејќи нема друг Бог, освен Исуса Христа, Твојот Син, прославен во едно божество со Отецот и Светиот Дух, и нема друг поблизок ходатајник при Божјиот престол, освен Тебе, Мајко Божја! Твојата мајчинска молба може да го одоброволи Владиката, Господа. Ти сè можеш пред Него. Заради тоа јас, по Бога, во Тебе ја полагам сета своја надеж. Затоа го чувам Твојот пречист лик во затворов и ја помнам Твојата блискост до сите нажалени и затворени. И досега Ти, Мајко Божја, кон мене си покажувала многу милости на моите прозби кон Тебе! А каков се појавувам пред Тебè Тешко на мене лошиот! Ги заборавив Твоите добрини. Но, милосрдна Богородице, прости ги моите застранувања и неразумности, не отфрлај ме сега кога се враќам при Тебе, пројави ги пак поранешните милости и прими ме во моќните Твои раце како болен – одвај жив од гревовните рани. Приведи ја мојата грешна душа во покајание. Моите беззаконија ја надминаа мојата глава; колку пати досега го разгневив јас мојот Бог со лаги, грабежи, со пијанство, со забуни, со гнев, со бесчувствителност! Постојано грешам и во затворов со различни досадувања, непокорности и роптање против редот. И покрај сè, ниту сум пролеал солза, ниту се смирувам. Прими ме Ти, благодатна Мајко, со Твојот Син Бог! Сподоби ме да стекнам разрешување за сите мои гревови во тајната покајание и да се причестам со светото тело и крв на Твојот Син! Помогни ми, отсега да ги замразам моите лоши страсти и силно да се борам против гревот, зашто, ако и донекаде се покајам, по малку време го правам истото и излегувам лажлив пред Бога. Испроси ми благодат, Владичице Богородице, да го минам останатото време од својот живот во покајание и моли го Онега Којшто ги милува грешницте да не ме презре мене, првиот меѓу нив. Ги гледаш моите несреќи, мојот горчлив живот во овој затвор. Помогни ми до крај да ја претрпам својата казна, теснотијата и затворските лишувања, за да не паднам во очај, да не се осудам да похулам против Божјата промисол. О, Утехо на жалосните! Утеши го мојот татко, мојата мајка и роднините, кои ме бараат мене, зашто за нив сум како мртов. Но најповеќе, о, чедољубива Мајко, не лишувај ги од Твоето покровителство мојата жена и децата, зашто тие се невини за моите гревови… Зачувај ги здрави и богобојазливи! Дај ми на крајот да бидам ослободен и со радосни солзи да се видам со домашните! Од длабочината на својата душа викам кон Тебе: Владичице Богородице, не отфрлај ме, биди ми покровителка во сите мои потреби дење и ноќе, во здравје и болест. Отстрани ги сите мои душевни и телесни таги, зашто Ти си радост за сите нажалени. Биди кон мене милостива не само овде, туку и таму на вечната страна! Не оставај ме во денот на страшното доаѓање на мојот Господ! О, Пресвета Богородице, тогаш не заборавај ја мојата вера и надеж во Тебе и моите недостојни молитви пред Тебе, за да бидам помилуван за вечни времиња и да Ти благодарам, и да го славословам Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин. 4 Пред Тебе коленичам, Долготрпелив и Преблаг Господи, од сè срце Ти се молам од ова место,кај што гревот ме доведе. Но Ти си насекаде, Ти си близу до оние што Ти се молат со смирено срце и топла вера. Ти ги слушаш со благоволение молбите на сите што ја отвораат својата душа пред Тебе, Ти ги кажуваат своите болки и страдања и брзо им ја подаваш Твојата Света Десница, Десницата на милоста и човекољубието, ги утешуваш очајните и им даваш радост на несреќните. Ете и јас, несреќниот затвореник, го издигам моето срце кон Тебе и, како блудниот син кој се покајал, пак се враќам кај Тебе, во домот на мојот Отец. Те молам, небесен Оче мој, да ме примиш мене покајаниот под Твоето татковско крило. Згрешив, Оче мој, згрешив пред небото и пред Тебе и не сум достоен да се наречам син Твој. Прости ми и прими ме поради милоста во Твојот светол дом, за да не загинам во мракот на гревовноста. Кого да го побарам и кому да му се обратам во мојата сегашна мака? Кој ќе ми помогнè Јас сум осамен и немоќен. Кога Тебе Те побарувам и Ти ме посетуваш, јас не сум сам, а со мене си Ти, мојот благ Утешител и Спасител. Научи ме да ја познавам и да ја извршувам Твојата света волја и да не грешам повеќе, да не се противам на доброто и да успевам во верата. Поткрепи ме да ги поднесам сите тешкотии и да не потпаѓам под лоши ѓаволски искушенија. Олесни ги моите тешкотии. Макар што сум лишен од слобода, дај ми душевна слобода преку верата, вистината и доброто. Ослободи ме од синџирите на злото. Ти си вистинскиот Ослободител на човекот. Твоето ослободување е најдрагоцениот дар, та кога ќе бидам пуштен на слобода, да живеам како вистински слободен човек, а не како роб на гревот и на лошите дела. Помилуј ме, Владико, и биди ми закрилник, зашто Ти ги милуваш и успокојуваш сите Твои луѓе. Амин. 5 (Неправедно осуден) Господи, Боже мој, в затвор сум, иако сум невин. Вината ми ја измислија душмани со лажни сведоци. Господи, поради мене патат и моите најблиски. Тие се жигосани во средината. Злобници сакаат да ми го растурат бракот, а на нивните деца им забранија да се играат со моите деца. Тешко се докажува невиноста поради недовербата што се храни со предрасудите и кодошењата. Господи, вразуми ги надлежните да не ми го доупропастат здравјето, да ја увидат мојата невиност, за што си ми Ти сведок, за да го приберам моето семејство, да ги успокојам загрижените. Знам дека душманите и на слобода не ќе ми даваат мир, но за нив грижата е Твоја. Додека сум во затворов, помогни ми да не се намали во мене љубовта кон моите непријатели кои сепак се орудие на Твојата љубов и грижа. Амин.
Поврзани молитви
Господи Исусе Христе, Боже Спасителу мој! Дај ми мене недостојниот Твој слуга, скрушение и освестување на срцето, за да Ти се молам умилно со чиста молитва, да…
Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги…