Тропари на поголемите празници

Свети Три Светители

Глас први: Три најголеми светители на трисолнечното Божество ја просветија вселената со лачите на божествените догмати. Овие медоточни реки на премудроста сите созданија со водите на богопознанието ги напоија. Василиј Велики и Григориј Богослов, со славниот Јован – златоговорливиот јазик, сите ние собраните ги љубиме, поклонувајќи им се, со песни ги почитуваме. Зашто тие за нас на Светата Троица секогаш се молат.

Поврзани молитви

Рождество на Пресвета Богородица

Глас четврти: Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зашто од Тебе изгреа Сонцето на правадата – Христос, Бог наш; уривајќи ја…

Воздвижение на Чесниот Крст

Глас први: Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство. Дарувај им победа над непријателите на сите наши православни христијани и со…

Преподобна Мајка Параскева

Глас четврти: Го засака пустинскиот и тих живот и ревносно тргна по Христа, твојот жених. Неговиот благ јарем, во својата младост примајќи го, со крсниот знак…