Па сега, оди, и Јас ќе ти ја отворам устата твоја, и ќе те научам, што ќе зборуваш.” Но Мојсеј пак рече: “Те молам, Господи, избери друг, што ќе го испратиш.”…
Стар Завет · Втора книга Мојсеева (Исход)
Законот за правдата и љубовта спрема ближниот. Изгонување на Хананејците.
И ќе го пуштам ужасот Мој што те води, и ќе го уплашам секој народ, на кој ќе наидеш, и ќе ги свртам кон тебе грбовите на сите непријатели твои. Ќе пратам пред тебе и стршлени, и ќе ги изгонам Аморејците, Евејците, Хананејците, Јевусејците и Хетејците. Нема да ги истерам пред тебе за една година, за да не се запусти земјата и ѕверовите полски да не се размножат против тебе. Малку по малку ќе ги изгонувам пред тебе, додека не се намножиш и не завладееш со земјата. И ќе ти ја поставам границата твоја од Црвеното до Филистејското Море, и од пустињата до големата река Ефрат, и ќе ви ги предадам во рацете оние, кои живеат во таа земја, за да ги истераш пред тебе.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Десницата Твоја, Господи, се прослави со сила; десната рака Твоја, Господи, го уништи непријателот. И со величието на славата Твоја Ти ги собори оние, кои…
и рече: “Ако сум нашол милост пред Тебе, Господи, нека оди Господ мој со нас, бидејќи овој народ е тврдоглав; прости ни ги гревовите наши и беззаконијата наши…