Десницата Твоја, Господи, се прослави со сила; десната рака Твоја, Господи, го уништи непријателот. И со величието на славата Твоја Ти ги собори оние, кои…
Стар Завет · Втора книга Мојсеева (Исход)
Мојсеј добива дар да прави чуда. Враќање во Египет.
Па сега, оди, и Јас ќе ти ја отворам устата твоја, и ќе те научам, што ќе зборуваш.” Но Мојсеј пак рече: “Те молам, Господи, избери друг, што ќе го испратиш.” И се разгневи Господ на Мојсеја, и рече: “Не ли ти е брат Арон Левитот? Знам дека е способен и тој ќе зборува наместо тебе; и еве тој ќе те сретне, и, кога ќе те види, ќе се зарадува во себе. Нему ќе му кажеш и ќе ги ставиш Моиве зборови во устата негова, и Јас ќе ти ја отворам устата твоја и устата негова и ќе ви покажам што да правите. И тој место тебе ќе му зборува на народот; и така тој ќе ти биде тебе уста, а ти ќе му бидеш нему место Бога.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
И ќе го пуштам ужасот Мој што те води, и ќе го уплашам секој народ, на кој ќе наидеш, и ќе ги свртам кон тебе грбовите на сите непријатели твои. Ќе пратам пред…
и рече: “Ако сум нашол милост пред Тебе, Господи, нека оди Господ мој со нас, бидејќи овој народ е тврдоглав; прости ни ги гревовите наши и беззаконијата наши…