Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух. Амин. Господи Исусе Христе, Сине Божји, помолитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши…
Вечерни молитви
Молитва кон Господа
Вечни Боже и Царе на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја, Господи, мојата несреќна душа од секаква телесна и духовна нечистотија. Дај ми, Господи, во оваа ноќ да имам спокоен сон, та кога ќе станам од мојата грешна постела, да му угодувам на Твоето пресвето име во сите дни на мојот живот и да ги победувам телесните и духовните непријатели што ме напаѓаат. Господи, избави ме од лоши помисли што ме осквернавуваат и од грешни желби, зашто Твое е царството, силата, и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
Поврзани молитви
Седржителу, Слово на Отецот, Исусе Христе, Ти си единствен совршен. Поради Твоето големо милосрдие, Ти се молам, никогаш не оддалечувај се од мене,Твојот…
1 Господи, небесен Царе, Дух на вистината, смилувај се на мене и помилуј ме мене грешниот Твој слуга, прости ми, мене недостојниот, сè што сум Ти згрешил…