Вечерни молитви

Молитви кон Пресветиот дух

1 Господи, небесен Царе, Дух на вистината, смилувај се на мене и помилуј ме мене грешниот Твој слуга, прости ми, мене недостој­ниот, сè што сум Ти згрешил денес како човек, дури и полошо од човек – како животно. Прости ми ги моите волни и неволни, свесни и несвесни гревови што сум ги правел од младини и – од лоша навика, од бесчувственост и малодушност. Ако сум се колнел во името Твое, ако со мисла сум го похулил Твоето име, ако сум укорил или наклеветил и наскрбил некого, разгневил или за нешто сум се разлутил, ако сум изла­гал и ако сум спиел премногу, ако при мене дошол сиромав и сум го презрел, ако сум го нажалил братот, ако сум предизвикал кавга или ако некого сум осудил, ако сум се по­гордеал или разгневил, ако, за време на мо­литвата, мојот ум се свртел на лукави свет­ски мисли или сум мислел нешто развратно, ако сум се прејал, или сум се опил, или безу­мно сум се смеел, или сум помислил нешто лукаво, ако сум зборувал неприлични зборови, или сум се потсмевал на гревот на мојот брат, иако моите согрешенија се безбројни, ако не сум ја сакал молитвата или сум направил нешто лошо, за кое не можам да се сетам – а ете, сето тоа и дури нешто повеќе сум направил, Ти се молам, помилуј ме, Создателу и Владико мој, разреши ме, ослободи ме и прости ми како Благ и Човекољубив, та со мир да легнам, да заспи­јам и да се успокојам јас блудниот, грешниот и нераскајаниот да Ти се поклонам, да го воспевам и прославам Твоето пречисто име заедно со името на Отецот и Единородниот Син Негов, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. 2 Душе Свет, живеј во мене. Не сакам ништо друго, освен да бидам со Тебе и спрема Тебе да живеам. Сакам да се дарувам, да се от­ворам и да бидам како на дланка пред Тебе. Делувај во мене така, да ми бидеш мој живот, биди околу мене, да ми бидеш мој свет. Оп­фатиме за да си бидам на себе си неважен и само Ти да останеш. 3 Дојди, Свети Душе! Создавај го и понатака светот. И нашето срце е свет на кого му треба Твојата создателска моќ; одново создавај го тоа што еднаш си го направил. Составувај го тоа што се распаѓа, буди го тоа што е не­плодно, подмладувај го старото. Дај ни очи да го гледаме светлото, создаденото и не­создаденото. Дај ни сила да донесеме род и да се радуваме со телото и со душата. Омекнувај ги камените особини. Се здрву­ваме од страв, оживи нè. На очајните дај им сила, на нејаките јачина, на должниците опростување, вера на оние кои ја бараат. На немите дај им зборови; зборови на љубовта на оние коишто љубат, збор на благодарноста на благодарните, збор вистинит на тие што ја бараат вистината. Зборна доверба на недоверните, збор на пофалба на тие што не знаат како да Те прославуваат, Боже мој. Оживувај ги мртвите; немоќните да се по­дигнат, паднатите да се исправат, куците да проодат, загубените да го најдат патот којшто Ти го покажуваш. Дај им да ја видат целта, тие коишто не ја наоѓаат смислата. Дојди Свети Душе.

Поврзани молитви

Воведна молитва

Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух. Амин. Господи Исусе Христе, Сине Божји, помолитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши…

Молитва кон Господа

Вечни Боже и Царе на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја,…

Молива кон Господа Исуса

Седржителу, Слово на Отецот, Исусе Христе, Ти си единствен совршен. Поради Твоето големо милосрдие, Ти се молам, никогаш не оддалечувај се од мене,Тво­јот…