Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух. Амин. Господи Исусе Христе, Сине Божји, помолитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши…
Вечерни молитви
Молитва кон Пресвета Богородица
Откако се избавивме од беди, ние, Твоите слуги, Ти пееме победни песни на Тебе, Богородице. Ти имаш непобедлива сила, избави нè од секакви опасности, та велегласно да Ти пееме: Радувај се, Невесто неневесна! Преславна вечна Дево, Мајко на Христа Бога, принеси ја нашата молитва на Твојот Син и Бог наш, за да ги спаси преку Тебенашите души. Сета надеж ја полагаме на Тебе, Мајко Божја, земи нè под Твоја закрила. Богородице Дево, не отфрлај ме мене грешниот, ја барам Твојата помош и Твојата закрила. На Тебе се надева мојата душа, помилуј ме. Мојата надеж е Отецот, мое засолниште – Синот, а покрив ми е Светиот Дух. Света Троице, слава Ти. Огради ме, Господи, со силата на чесниот и животворен Крст варди ме од секакво зло.
Поврзани молитви
Вечни Боже и Царе на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја,…
Седржителу, Слово на Отецот, Исусе Христе, Ти си единствен совршен. Поради Твоето големо милосрдие, Ти се молам, никогаш не оддалечувај се од мене,Твојот…