Господи Боже, Создателу на човекот и небесен Оче, Ти си го установил и благословил бракот кога си рекол: Раѓајте се и множете се и наполнете ја земјата. Ти си…
Молитви на родителите за децата
Молитва кон Пресвета Богородица
Пресвета Богородице, под чија закрила ќе ги ставиме нашите деца, по Бога? Ти си силна Закрилница на христијаните и брза Помошница во секоја тешкотија, небеска Царице, под Твоја закрила прими ги нашите чеда и биди им Мајка, Мајко Божја. Чувај ги од секакво душевно и телесно зло. Моли го Твојот Син да го проживеат целиот свој живот во благодат и милост, да успеваат во секое добро и корисно дело и никогаш да не очајуваат кога врват по патот на вистинскиот и чесниот живот. И така, софалбени песни на благодарност секогаш ќе Те прославуваме, Небесна Закрилнице, и ќе ја воспеваме Пресветата и Сесилна Троица, Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин.
Поврзани молитви
Милостив Спасителу, со Твојата божествена сила Ти ја воскресна ќерката на Јаира, го воскресна синот на вдовицата од градот Наин и го воскресна четиридневниот…
Милостива Мајко, Пресвета Богородице, смилувај се на нас грешните и застапи се пред Твојот Син и наш Бог за нашето болно дете. Ти се молиме и паѓаме пред Тебе,…