Се зарадував кога ми рекоа: Да појдеме во домот на Господа. Господи, по Твојата голема милост ќе влезам во домот Твој и ќе се поклонам пред Тебе со страв во…
Молитви за разни потреби
Молитва за мир во бракот
Господи Боже, Ти го освети нашиот брак за чистота. Ти нè благослови да живееме во мир, едномисленост, во чистота и во взаемна љубов, преку врските на мирот да бидеме едно тело. Но, Пречист Владико, поради ѓаволски искушенија и заради нашите човечки слабости, нашиот брачен живот се растројува. Благословот на мирот и едномисленоста, што го исполнува со радост нашиот брачен живот, ги нема веќе со нас. Загрижувачки сенки на нечистота паѓаат врз нашите взаемни односи, исчезнува љубовта што нè врзуваше. Непријателот на човечката среќа и неговото спасение жестоко ја напаѓа нашата домашна црква. Затоа, Господи Боже, со милозливо срце коленичам пред Твоето величие и се молам на Твојата благост – врати ни го мирот, врати ни ги едномисленоста и разбирањето. Сврти го расејаното и помрачено срце на мојот сопруг (сопруга) кон Твојата волја, кон бракот од Тебе благословен, отстрани ја новата (нејзината) мисла, отстрани ги желбите на неговото (нејзиното) срце од нечистотии и од опасниот пат и приврзи го кон неговите чеда, за да царува радоста во нашиот дом и да се слави Твојата сила и добрина. Ти си секогаш брз закрилник кога сме во мака. Амин.
Поврзани молитви
Ти се поклонувам Тебе, мојот Господ Бог, Кој си присутен со Твојата благодат во Твојот свет храм, особено во пречистите и животворни тајни. Пред Тебе,…
Ти благодарам, Господи Исусе Христе, Боже мој, што ме удостои да се вратам здрав и неповреден од работа, та со бодро и благодарно срце да Ти пеам и да Те…