Се зарадував кога ми рекоа: Да појдеме во домот на Господа. Господи, по Твојата голема милост ќе влезам во домот Твој и ќе се поклонам пред Тебе со страв во…
Молитви за разни потреби
Молитва за нашето место
Господи, Те молиме за местото во коешто живееме, за сите наши сожители, секој од нас да најде човечен соживот и место на мирот. Те молиме за сите кои живеат покрај нас, за соседите и познатите, за нашите пријатели и за оние кои не ни се по срцето, како и за оние кои ни се надлежни. Те молиме за сигурен помин во нашето место, за никој да не го изложува својот живот и животот на другите во опасност. Господи, чувеј ги нашите деца од несреќа! Те молиме да се одмориме во тишина, за оние кои немаат мир, за средината да биде здрава и човекољубива. Те молиме за оние коишто работаат во местото, за работниците во фабриките, за уметниците, за научниците, за учителите и професорите, за социјалните работници и за сите кои се трудат по болниците. Ти се молиме, исто така, и за нашите свештеници, за сите оние кои ја претставуваат Црквата за сложно да ги впрегнат своите сили за доброто на нашето место. Те молиме за оние коишто бараат живеалиште и за оние коишто го изгубија живеалиштето, за туѓинците да ги прифатиме со сета гостољубивост и за сите на кои им е судено да останат со нас. ќе се молиме и за оние коишто се богати, за да знаат секогаш да ги отворат своите куќи и своите срца, за сите коишто имаат потреба и кои се несреќни. Ти се молиме за сите меѓу нас што се болни, несреќни, изложени на разни искушенија, што ги мачи страв, досада и очај, за одземените од нашата средина, за оние по затворите, за душевно погодените, за тие што умираат и за умрените. Ти се молиме за самите нас, за местото да ни биде радосно. Помогни ни, Боже, да не се глодиме еден со друг со дела што создаваат омраза, што прават раздори, туку секогаш да бидеме сложни како едно тело, дабидеме Божји град на земјата. Амин!
Поврзани молитви
Ти се поклонувам Тебе, мојот Господ Бог, Кој си присутен со Твојата благодат во Твојот свет храм, особено во пречистите и животворни тајни. Пред Тебе,…
Ти благодарам, Господи Исусе Христе, Боже мој, што ме удостои да се вратам здрав и неповреден од работа, та со бодро и благодарно срце да Ти пеам и да Те…