Стар Завет · Книга пророк Исаија

Благодарствена песна на спасените.

Во оној ден ќе речеш: „Ќе Те славам, Господи! Ти ми беше гневен, но го одврати гневот Свој и ме утеши. Ете, Бог е моето спасение; на Него се надевам; и не се плашам; зашто Господ е мојата сила, Господ е мојата песна; Он ми е спасение. Тогаш со радост ќе црпите вода од изворите на спасението, во тој ден ќе речете: „Славете Го Господа, повикувајте Го името Негово; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови; напомнувајте дека името Негово е големо пејте Му на Господа, зашто Он направил нешто големо – нека го знаат тоа по целата земја. Весели се и радувај се, жителко Сионова, зашто, голем е меѓу тебе Светецот Израилев.”
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Славата на Сион.

Дигни се, светлеј се Ерусалиме, зашто дојде твојата светлина, и славата Господова изгреа над тебе. Зашто, ете, темнина ќе ја покрие земјата, и мрак – народите;…