Во оној ден ќе речеш: „Ќе Те славам, Господи! Ти ми беше гневен, но го одврати гневот Свој и ме утеши. Ете, Бог е моето спасение; на Него се надевам; и не се…
Стар Завет · Книга пророк Исаија
Славата на Сион.
Дигни се, светлеј се Ерусалиме, зашто дојде твојата светлина, и славата Господова изгреа над тебе. Зашто, ете, темнина ќе ја покрие земјата, и мрак – народите; а над тебе ќе засветли Господ, и славата Негова ќе се јави над тебе. И народите ќе дојдат кон твоето видело, царевите – кон светлината што изгрева над тебе. Крени ги очите и погледај наоколу: сите тие се собираат, идат при тебе; твоите синови ќе дојдат од далеку, и твоите ќерки на раце ќе се носат. Тогаш ќе видиш и ќе се зарадуваш, и срцето твое ќе затрепери и ќе се рашири, зашто богатството на морето ќе се сврти кон тебе, имотот на народите ќе дојде при тебе.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
„Господе Саваоте, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти единствен си Бог на сите земни царства: Ти си ги создал небото и земјата. Приклони го, Господи,…
Твоите синови ќе побрзаат кон тебе, а твоите разурнувачи и опустошители ќе си отидат од тебе. Крени ги очите и погледај наоколу, – тие сите се собираат,…