Стар Завет · Книга пророк Исаија

Молитвата на Езекија и поразот на Сенахерима.

„Господе Саваоте, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти единствен си Бог на сите земни царства: Ти си ги создал небото и земјата. Приклони го, Господи, увото Свое и чуј; отвори ги, Господи, очите Свои и погледај, чуј ги зборовите на Сенахерима, кој испрати да хулат на Тебе, живиот Бог. Навистина, Господи, асирските цареви ги опустошија сите краишта и земјите нивни. Тие ги изнафрлаа во оган боговите ниви; но тоа не беа богови, туку изработки од човечки раце, дрво и камен, затоа и ги уништија.. И сега, Господи, Боже наш, спаси нè од раката негова: тогаш ќе дознаат сите земни царства, дека Ти, Господи, си единствен Бог.”
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Благодарствена песна на спасените.

Во оној ден ќе речеш: „Ќе Те славам, Господи! Ти ми беше гневен, но го одврати гневот Свој и ме утеши. Ете, Бог е моето спасение; на Него се надевам; и не се…

Славата на Сион.

Дигни се, светлеј се Ерусалиме, зашто дојде твојата светлина, и славата Господова изгреа над тебе. Зашто, ете, темнина ќе ја покрие земјата, и мрак – народите;…