Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце;…
Стар Завет · Псалми
Надеж во Бога против сите непријатели.
Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си застапник мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја. Со гласот свој викам кон Господ, и Он ме слуша од Својата Света Гора. Легнувам, спијам и станувам, оти Господ ме чува. Не се плашам од многу илјади луѓе, што од сите страни навалиле на мене. Стани Господи! Спаси ме, Боже мој! Зашто Ти ги поразуваш сите мои непријатели и им ги здробуваш забите на грешниците. Од Господа е спасението. Твојот благослов нека биде на народот Твој.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата…
Господи, не ме карај во јароста Своја и не казнувај ме во гневот Свој. Смилуј се на мене, Господи, оти сум немоќен; исцели ме, Господи, бидејќи коските мои се…