Стар Завет · Псалми

Давидовата утрена молитва за помош против безбожните непријатели.

А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата правда, поради непријателите мои патот Твој пред мене порамни го. Зашто во устата нивна нема вистина; во срцето им е измама; грлото им е отворен гроб; на јазикот, пак, дволичност. Казни ги, Боже, нека пропаднат тие и мислите нивни; поради многуте нечестни работи отфрли ги, бидејќи Те огорчија Тебе. Па нека се зарадуваат сите, кои се надеваат на Тебе: вечно да се радуваат оние што Ти ги закрилуваш; и да се радуваат со Тебе оние, што го сакаат името Твое. Оти Ти, Господи, го благословуваш праведникот и со оружјето на милоста Своја го закрилуваш.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…