Стар Завет · Псалми

Давидовата вечерна молитва е полна со храброст против непријателите.

Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце; до кога ќе сакате суета и ќе барате лага? Знајте дека Господ го запазил Својот светија; Господ слуша кога викам кон Него. Не грешете, гневејќи се; размислете во срцата свои и на постелите свои, и смирете се. Принесете жртва за правда и надевајте се на Господа. Мнозина велат: кој ќе ни покаже што е добро? Покажи ни ја светлината на лицето Свое, Господи! А мене Ти си ми го исполнил срцето со радост поголема отколку кога ќе се роди во изобилие пченица и вино. Затоа мирно легнувам и спијам; +оти Ти, Господи, си ми влил надеж да живеам без опасност.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…