Акатист на Пресвета Богородица

Акатист на Пресвета Богородица

К о н д а к I, Глас 8 Тебе, Богородице, поборнице – војвотко, ние Твоите слуги, откако се избавивме од зло, Ти пееме победна и благодарствена песна. Ти имаш непобедлива сила, ослободи нè од секакви опасности, за да Ти пееме: Радувај се, Невесто неневесна. I С т а т и ј а И к о с 1 Ангелот претставител беше испратен од небото да ѝ рече на Богородица: Радувај се! И гледајќи дека Ти, Господе, истовремено со овој бестелесен глас, се овоплотуваш, стоеше вчудоневиден и ѝ велеше вака: Радувај се, од Тебе ќе изгрее радоста; радувај се, преку Тебе ќе исчезне клетвата! Радувај се, преку Тебе се врати паднатиот Адам; радувај се, преку Тебе Ева се избави од солзи! Радувај се, височино, тешко достижлива за човечката мисла; радувај се, длабочино, во која и со ангелски очи тешко се проникнува! Радувај се, зашто си царски престол; радувај се, зашто Го носиш Оној што носи сè! Радувај се ѕвездо што Го навестуваш сонцето; радувај се, утробо на божественото овоплотување! Радувај се, преку Тебе се обновува созданието; радувај се, преку Тебе се поклонуваме на Творецот! Радувај се, Невесто неневесна! К о н д а к II Светата, гледајќи се чиста, смело му вели на Гаврила: Твоите чудни зборови тешко може да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: А л и л у ј а! И к о с II Сакајќи да го разбере недостижното за разумот, Дева извика кон Божјиот слуга: Кажи ми како е можно да се роди син од чиста утроба? А тој со страв се сврте и вели вака: Радувај се, тајнице на неискажливата светлина; радувај се, тивка веро на оние што се молат! Радувај се, Ти си почеток на Христовите чуда; радувај се, Ти си основа на Неговите вистини! Радувај се, лествицо небеска, по која Бог слезе; радувај се, Ти си мост по кој поминуваат луѓето од земјата на небото! Радувај се, чудо преславно за ангелите, радувај се, Ти си најстрашен пораз на демоните! Радувај се, зашто неискажливо ја роди светлината; радувај се, зашто никому не кажа како стана тоа! Радувај се, зашто го надминуваш знаењето на премудрите; радувај се, Ти го озаруваш умот на верните! Радувај се, Невесто неневесна! К о н д а к III Силата на Севишниот ја осени Безбрачната за да зачне и нејзината доброплодна утроба ја покажа како плодна нива за сите што сакаат да пожнеат спасение и да пеат вака: А л и л у ј а! И к о с 3 Откако Го прими во својата утроба Бога, Дева бргу отиде кај Елисавета, чиј младенец, штом го позна нејзиниот поздрав, се радуваше и со играње, како со песни, викаше кон Богородица: Радувај се, вејче, од неувенлива гранка; радувај се, Ти си плод бесмртен! Радувај се,ТигородиЧовекољубецот; радувај се, Ти го роди Сејачот на нашиот живот! Радувај се, ниво изобилна и плодородна; радувај се, трпезо на изобилно очистување! Радувај се, Ти правиш да цути рајот на убавините; радувај се, зашто Ти го подготвуваш пристаништето за душите! Радувај се, пријатно молитвено кандило; радувај се, чистителко на целиот свет! Радувај се, Божјо благоволение кон смртните; радувај се, смелост на смртните кон Бога! Радувај се, Невесто неневесна! К о н д а к IV Имајќи во себе бура од помисли на сомневања, чистиот Јосиф се намурти кога Те гледаше Тебе безбрачната и си мислеше, Пречиста, дека си згрешила. Но, кога разбра дека си зачнала од Светиот Дух, рече: А л и л у ј а! II С т а т и ј а И к о с 4 Откако пастирите ги слушнаа ангелите како го воспеваат Христовото доаѓање во тело, потрчаа кај Него како при пастир, Го видоа како Пречисто Јагне, отхрането во утробата на Марија, запеаја и извикаа: Радувај се, Мајко на Јагнето и Пастирот; радувај се трло на духовните овци! Радувај се, Заштитнице од невидливите непријатели; радувај се, преку Тебе се отворија рајските врати! Радувај се, небеските се радуваат заедно со земните; радувај се, земните ликуваат заедно со небеските! Радувај се немолчешка уста на апостолите; радувај се непобедна смелост на мачениците! Радувај се, Ти си тврда поткрепа на верата; радувај се, светло познание на благодатта! Радувај се, преку Тебе адот беше оголен; радувај се, преку Тебе се облековме во слава! Радувај се, Невесто неневесна! К о н д а к V Откако ја видоа богоиспратената ѕвезда, мудреците одеа по нејзините лачи, и, имајќи ја за свој светилник, со неа го бараа силниот небески Цар, а кога пристигнаа при Недостижниот,се израдуваа и Мупееа: А л и л у ј а! И к о с 5 Синовите халдејски го видоа во рацете на Дева Оној што со рака ги создал луѓето. Иако во вид на слуга, во Него Го познаа Господа, побрзаа со дарови да Му послужат и да ѝ пеат на Богородица: Радувај се, Мајко на Ѕвездата што не заоѓа; радувај се, зоро на Божјиот ден! Радувај се, Ти го изгаси огнот на страстите; радувај се, Ти ги просветуваш тајниците на Света Троица! Радувај се, Ти му ја одзеде власта на нечовечкиот мачител; радувај се, Ти го покажа Човекољубецот, Господ Христос! Радувај се, Ти избавуваш од варварско идолослужение, радувај се, Ти ни помагаш да се ослободиме од лоши дела! Радувај се, Ти го прекрати поклонувањето на огнот; радувај се, Ти нè ослободуваш од пламенот на страстите! Радувај се, Ти ги учиш верните на целомудрие; радувај се, ти си радост за сите народи! Радувај се, Невесто неневесна! К о н д а к VI Мудреците станаа богоносни проповедници, се вратија во Вавилон и го исполнија претскажаното за Тебе; им проповедаа на сите дека си Ти Христос и го оставија Ирода како празнословец, кој не знае да пее: А л и л у ј а! И к о с 6 Спасителу, во Египет ја покажа светлината на вистината и ја изгони лагата на темнината; идолите паднаа, не можејќи да ја истрпат Твојата сила, а оние што се спасија, извикаа кон Богородица: Радувај се, Ти ги поправаш луѓето; радувај се, Ти ги соборуваш бесовите! Радувај се, Ти си ја победила силата на заблудата; радувај се, Ти си ја изобличила идолската измама! Радувај се, море што го потопи духовниот фараон; радувај се, карпо, што ги напои жедните за живот! Радувај се, огнен столбу, Ти ги водиш оние штосе во темнина; радувај се, Ти си свет покров, поширок од облак! Радувај се, Ти си храна што ја замени маната; радувај се, служителко на светата радост! Радувај се, ветена земјо, радувај се, од Тебе тече мед и млеко! Радувај се, Невесто неневесна! К о н д а к VII Кога наближуваше денот Симеон да се пресели од овој лажен век, Те дадоа нему в раце како детенце, но тој Тебе Те позна и како совршен Бог се чудеше на Твојата неискажлива премудрост ти пееше: Алилуја! III С т а т и ј а И к о с 7 Кога се јави Создателот, нам, на создадените од Него, ни го покажа своето ново создание. Тој изникна од бессемена утроба и ја зачува невина како што беше, та гледајќи го чудото, да извикаме и да запееме: Радувај се, нетленен цвету; радувај се, Ти си венец на воздржувањето! Радувај се, светол образ на воскресението; радувај се, Ти го откриваш ангелскиот живот! Радувај се, Ти си плодноносно дрво на светлината; радувај се, од Тебе се хранат верните; радувај се, разлистено добросенчесто дрво, под Тебе мнозина се потслослонуваат! Радувај се, Ти си Го носела во утробата Избавителот на пленетите; радувај се, Ти си го родила Учителот на заблудените! Радувај се, Ти Го молеше праведниот Судија; радувај се, преку Тебе им се проштаваат гревовите на мнозина! Радувај се, облека на лишените од смелост; радувај се, љубов што победува секаква лоша желба! Радувај се, Невесто неневесна! К о н д а к VIII Откако го видовме чудното раѓање, да се оддалечиме од овој свет, да го издигнеме нашиот ум кон небото, зашто вишниот Бог се јави на земјата како смирен човек, за да гипривлечеконсебеониештому пеат: А л и л у ј а! И к о с 8 Неискажливото Слово потполно беше на земјата, без и најмалку да отстапи од небото, зашто раѓањето од Дева Богородица не беше промена на место, ами Божја милост, затоа да ѝ запееме на Богородица: Радувај се, Приемнице на неопфатливиот Бог; радувај се, Ти си врата на пречистата тајна! Радувај се, за Тебе неверните слушаат со сомневање; радувај се, тврда пофалбо на верните! Радувај се, пресвета колеснице на Оној што седи на херувимите; радувај се, преславно живеалиште на Оној што седи на серафимите! Радувај се, Ти си ги собрала заедно спротивностите; радувај се, Ти си ги соединила девството и раѓањето! Радувај се, преку Тебе се прости престапот; радувај се, преку Тебе се создаде рајот! Радувај се, Ти си клуч на Христовото царство; радувај се, Ти си надеж на вечните блага! Радувај се, Невесто неневесна! К о н д а к IX Сите ангели се зачудија од великото дело на Твоето овоплотување, зашто во недостапниот Бог гледаа човек достапен, Којживеесонасиод сите слушаа: А л и л у ј а! И к о с 9 Красноречивите беседници ги гледаме како безгласни риби штом станува збор за Тебе, Богородице; тие не можат да објаснат како си Дева кога си родила. Ние сме восхитени пред тајната и со вера извикуваме: Радувај се, живеалиште на Божјата премудрост; радувај се, ризницо на Неговата промена! Радувај се, Ти ги покажуваш мудреците како немудри; радувај се, Ти ги изобличуваш за неразумност итрите мајстори на словото! Радувај се, зашто обезумеаужасните испитувачи; радувај се, зашто овенаа баснотворците! Радувај се, Ти ги растури итрите сплетки на атињаните; радувај се, Ти ги исполнуваш мрежите на рибарите! Радувај се, ти извлекуваш од длабочината на незнаењето; радувај се, Ти просвеуваш мнозина со знаење! Радувај се, Ти си кораб за оние што сакаат да се спасат; радувај се, Ти си пристаниште за оние што пловат во животот! Радувај се, Невесто неневесна! К о н д а к Х Создателот на сè, сакајќи да го спаси светот, доброволно дојде во него, бидејќи Бог се јави заради нас како човек. Затоа, откако го повика подобното преку подобно, како Бог слуша: А л и л у ј а! IV С т а т и ј а И к о с 10 Богородице Дево, Ти си закрила за девиците и за сите што доаѓаат кај Тебе; Творецот на небото и на земјата Те направи така, Пречиста, кога се всели во Твојата утроба. Тој ги научи сите да Ти пеат: Радувај се, столбе на девството; радувај се, Ти си врата на спасението! Радувај се, началнице на духовниот растеж; радувај се, подателко на божествената благост! Радувај се, Ти си ги обновила зачнатите во грев; радувај се, Ти си ги вразумила духовно расејаните! Радувај се, Ти го гониш разложителот на умовите; радувај се, Ти си Го родила сејачот на чистотата! Радувај се, Ти си дом на бессемено невестинство, радувај се, Ти ги соединуваш верните со Господа! Радувај се, Ти си добра хранителка на девојките; радувај се невесто – украсителко на светите души! Радувај се, Невесто неневесна! К о н д а к XI Бесилна е секоја песна што сака да ги опфати сите Твои добрини, зашто, небески Цару, си свет; и да Ти принесеме песни рамни по број на морската песок, не правиме ништо достојно за сè што си ни дала, затоа извикуваме: А л и л у ј а. Икос 11 Света Дева ја гледаме како запалена свеќа, која им се јави на оние што беа во темнината. Откако го запали духовниот оган, Таа ги води сите кон божествено познание и го просветува умот со небески зраци. Затоа ѝ пееме: Радувај се, Ти си лач на духовното сонце; радувај се, светло на светлината што не зајдува. Радувај се, светкавице што ги просветуваш душите; радувај се, Ти си гром што ги плаши непријателите! Радувај се, од Тебе изгрева многусветлата просвета; радувај се, од Тебе извира многуводната река! Радувај се, Ти живо ја претставуваш бањата; радувај се, Ти ја отстрануваш гревовната сквернота! Радувај се, Ти ја миеш совеста; радувај се, чашо, со која се црпе радост! Радувај се, Ти си миризба на Христовото благоухание; радувај се, Ти си живот на таинственото веселие! Радувај се, Невесто неневесна! К о н д а к XII Оној што ги простува долговите на сите луѓе, сакајќи да даде милост за старите долгови, Самиот дојде кај оние што се беа оддалечиле од Неговата благодат, го скина списокот на гревовите и од сите слушна: А л и л у ј а! И к о с 12 Богородице, го воспеваме Твоето раѓање, Те прославуваме како духовен храм, зашто Господ, Кој држи сè во својата рака, се виде во Твојата утроба, и ги освети,и ги научи сите да пеат: Радувај се, Ти си скинија на БогаСлово; радувај се, Ти си поголема од Светињата на светињите! Радувај се, Ти си ковчег позлатен од Духот; радувај се, Ти си неисцрпна ризница на животот! Радувај се, Ти си скапоцен венец на благочестивите; радувај се, Ти си пречиста пофалба на благовејните свештеници! Радувај се, Ти си цврст столб на Црквата; радувај се, Ти си неразрушлив бадем на државата! Радувај се, преку Тебе се издигаат знамињата на победи; радувај се, преку Тебе паѓаат непријателите! Радувај се, Ти си исцелние на моето срце; радувај се, Ти си спасение на мојата душа! Радувај се, Невесто неневесна! К о н д а к XIII О, многувоспевана Мајко, Ти си Го родила најсветото Слово меѓу сите светии! Прими ги овие наши молби, избави нè од секаква напаст и ослободи нè од идните маки нас кои ти пееме: А л и л у ј а!

Поврзани молитви

Молитва кон Пресвета Богородица

Неосквернавена, неизвалкана, чиста, пречиста Дево, Богоневесто, Владичице, преку Твоето преславно раѓање си го соединила Бога Слово со луѓето и си ја собрала…

Молитва кон Господа

Кога одиме на спиење, Владико, дај ни одмор на телото и на душата и зачувај нè од мрачен гревовен сон и од секакво ноќно искушение. Скроти ги поривите на…

Молитва кон Пресвета Богородица

Преславна Приснодево, Мајко на Христа Бога, принеси му ја нашата молитва на Твојот Син и наш Бог, за преку Тебе да ги спаси нашите души. Надеж ми е Отецот,…