Акатист на Пресвета Богородица

Молитва кон Пресвета Богородица

Неосквернавена, неизвалкана, чиста, пречиста Дево, Богоневесто, Владичице, преку Твоето преславно раѓање си го соединила Бога Слово со луѓето и си ја собрала отфрлената природа на нашиот род со жителите на небото. Ти си надеж на очајните, Ти си помош на борците, Ти си готова закрила на оние што доаѓаат кај Тебе, Ти си заштитница на сите христијани. Не гнаси се од мене грешниот и нечистиот, кој со срамни помисли, зборови и постапки се направив сосема незгоден и, поради лекомислие, свесно станав роб на животните наслади. Но, бидејќи си Мајка на човекољубивиот Бог, човекољубивосмилувај се на мене грешниот и блудниот и прими ја мојата молитва што ти ја принесувам со нечиста уста. Послужи се со Твојата мајчинска слобода и помоли Го Твојот Син, и наш Владика, и Господ да го отвори за мене човекољубивото срце на својата благост, без да гледа на безбројните мои грешења, да ме обрати кон покајание и да ме направи добар исполнител на Своите заповеди. Ти си милостива, доброљубива, биди секогаш со мене. Во сегашниот живот биди топла застапница и помошница, прогонувај ги непријателските напади и води ме кон спасение. Во часотна мојата смрт, зачувај ја мојата душа и отстрани ги далеку од неа мрачните виденија на лошите духови. А во страшниот ден на Судот, избави ме од вечната мака и направи ме наследник на неискажливата слава на Твојот Син и Бог наш, која да ја примам, Владичице моја, преку Твоето посредништво и застапништво, по благодатта и човекољубието на Твојот единороден Син, Господ, и Бог, и Спасител наш Исус Христос. Нему Му прилега слава, чест и поклонување, со благиот и животворен Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Поврзани молитви

Акатист на Пресвета Богородица

К о н д а к I, Глас 8 Тебе, Богородице, поборнице – војвотко, ние Твоите слуги, откако се избавивме од зло, Ти пееме победна и благодарствена песна. Ти имаш…

Молитва кон Господа

Кога одиме на спиење, Владико, дај ни одмор на телото и на душата и зачувај нè од мрачен гревовен сон и од секакво ноќно искушение. Скроти ги поривите на…

Молитва кон Пресвета Богородица

Преславна Приснодево, Мајко на Христа Бога, принеси му ја нашата молитва на Твојот Син и наш Бог, за преку Тебе да ги спаси нашите души. Надеж ми е Отецот,…