К о н д а к I, Глас 8 Тебе, Богородице, поборнице – војвотко, ние Твоите слуги, откако се избавивме од зло, Ти пееме победна и благодарствена песна. Ти имаш…
Акатист на Пресвета Богородица
Молитва кон Пресвета Богородица
Преславна Приснодево, Мајко на Христа Бога, принеси му ја нашата молитва на Твојот Син и наш Бог, за преку Тебе да ги спаси нашите души. Надеж ми е Отецот, засолниште – Синот, а покров ми е Светиот Дух, Троице Света, слава Ти. Целата моја надеж ја полагам во Тебе, Мајко Божја, заштити ме под Твојот покров. Владико многумилостив, Господе Исусе Христе, Боже наш, по молитвите на пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, преку силата на чесниот и животворен крст, преку застапништвото на чесните небески сили, на чесниот, славен пророк, претеча и крстител Јован, на светите славни и добропобедни маченици, на преподобните и богоносни отци наши, на светите праведни богоотци Јоаким и Ана и на сите светии, направи ја благопријатна нашата молитва, дарувај ни прошка на нашите прегрешенија, отстрани од нас секаков непријател и противник, смири го животот наш, Господе, помилуј нè нас и Твојот свет, и спаси ги нашите души зашто си благ и човекољубив.
Поврзани молитви
Неосквернавена, неизвалкана, чиста, пречиста Дево, Богоневесто, Владичице, преку Твоето преславно раѓање си го соединила Бога Слово со луѓето и си ја собрала…
Кога одиме на спиење, Владико, дај ни одмор на телото и на душата и зачувај нè од мрачен гревовен сон и од секакво ноќно искушение. Скроти ги поривите на…