К о н д а к I, Глас 8 Тебе, Богородице, поборнице – војвотко, ние Твоите слуги, откако се избавивме од зло, Ти пееме победна и благодарствена песна. Ти имаш…
Акатист на Пресвета Богородица
Благодарни молитви за секој божји дар
1 Господи Исусе Христе, Боже наш, Боже на секое милосрдие и добрини! Твојата милост е безгранична а човекољубието неизмерно. Со благовение и љубов, како недостојни слуги, смирено Ти принесуваме благодарност, Тебе добросрдечниот, за добрините што ни ги правиш. Те славиме, Те воспеваме и Те величиме како наш Господ, Владика и добротвор и, коленичејќи пред Тебе, Ти благодарам за Твоето безмерно и неискажливо милосрдие. Смирено Ти се молам милосрден Господи, како што сега благоволи да ги исполниш молбите на нас Тоитераби,такаи понатака сподоби нè да ги добиваме сите Твои дарови, да преуспеваме во љубовта кон Тебе, кон ближните и кон секоја добродетел. Избавувај ја, милостив Боже, Твојата света Црква од секое зло, и откако ќе ни даруваш мир и спокој, удостој нè да Ти принесуваме благодарност, Тебе, на Твојот беспочетен Отец и на пресветиот, балагиот и живототворен Твој Дух – Бога прославуван во едно суштество, секогаш да зборувам за твоите големи добрини и да те воспеваме. Слава Ти Тебе, наш благодателу, во век и веков! Амин! 2 Ние, Твоите недостојни слуги, Господи, откако незаслужено примивме милости и дарови од Тебе, се преисполнивме со благодарност за Твоите добрини спрема нас. Затоа, Владико, притекнуваме кон Тебе и Ти ја принесуваме нашата благодарност од срце. Кога Те прославуваме, ние Те фалиме, Ти благодариме и ја величиме Твојата доброта и со љубов Ти викаме: Слава Ти, Семилостив Благодателу и Спасителу Боже наш во век и веков! Амин! 3 Оче семоќен и предвечен Боже, од Кого доаѓа секој дар и секое благо! Ти благодарам за сите Твои дарови, коишто изобилно си ги излил врз мене грешниот и недостоен Твој слуга, и усрдно Ти се молам: Како што сега ја послуша мојата молитва и го покажа Твоето човекољубие, така и секогаш исполнувај ми ги моите добри желби и јавувај ми ја Твојата богата милост. Зашто Ти си милосрден и човекољубив Бог, и затоа слава Ти оддаваме, Тебе, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин! 4 Господи Боже, Создателу на луѓето, Те љубиме поради Твојата слава и Твоето милосрдие. Страв ни е што сме толку мали, а Ти си толку голем. Без помош сме, но Ти си јак. Ја гледаме пред себе си опасноста и смртта, но Ти си животот. Ти сакаш да ни го дадешсè она што си Ти Самиот, толку колку што може да прими нашето срце. Затоа не сме мали, зашто сме Твои созданија и Твои деца. Живеаме без страв, зашто во Тебе е нашата сила. Вечни сме, зашто Ти ни даваш вечност. Велик си, а нам ни даваш да бидеме соучесници на Твојата величина. Господи, Боже, Ти се поклонуваме на Твојата љубов. Не поради тоа што си силен за да нè сотреш, туку затоа што си прекрасен за да можеме да исчезнаме пред Тебе, ниту што си толку блескав што ни ги заслепуваш очите, туку затоа што Твојата љубов е толку голема што нè просветува и ослободува. Достоен си, Господи, на Својата чест и моќ. Ти си светло, затоа ние светло ќе гледаме. Ти си сила, затоа и ние ќе имаме сила. Ти си верност, затоа нема да исчезнаме туку ќе останаме. Ти си љубов, затоа ќе можеме да даруваме љубов. Ти од вечноста си пред нас, затоа нема да лутаме, туку ќе го про пронаоѓаме својот пат. Те љубиме, Господи Боже. На Твојата љубов се поклонуваме.
Поврзани молитви
Неосквернавена, неизвалкана, чиста, пречиста Дево, Богоневесто, Владичице, преку Твоето преславно раѓање си го соединила Бога Слово со луѓето и си ја собрала…
Кога одиме на спиење, Владико, дај ни одмор на телото и на душата и зачувај нè од мрачен гревовен сон и од секакво ноќно искушение. Скроти ги поривите на…