Стар Завет · Псалми

Молитва за помош.

Спаси ме, Господи, зашто не остана праведен, зашто се намалија верните меѓу синовите човечки. Суета му кажуваат секој на ближниот свој; од дволично срце устите зборуваат лага. Нека ги истреби Господ сите соблазниви усти и јазик што се возвеличува оние што зборуваат: „Јазикот свој ќе го величаме; устата ни е со нас; кој е господар над нас?” „Заради страдањата на сиромасите и офкањата на бедните ќе се кренам сега – вели Господ – ќе го спасам оној, кому сакаат да му напакостат.” Зборовите на Господа се зборови чисти, сребро во оган исчистено од земја, седумпати пречистено. Ти, Господи, ќе нè одбраниш и ќе нè запазиш од овој род и довека. Нечестивите одат наоколу; според возвишеноста Своја многу си им допуштил на синовите човечки.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…