Стар Завет · Псалми

Молитва против озборување.

Кон Господа повикав во маката своја, и Он ме услиши. Господи, избави ја душата моја од неправедна уста и од јазик лукав. Што ќе Ти даде Тебе и што ќе Ти придаде лукавиот јазик? Изострени стрели на силник, разгорени со пустински јаглен. Тешко мене, бидејќи привремениот престој ми се продолжи, се вселив во шаторите кидарски. Долго живееше душата моја со оние што го мразат мирот. Јас бев мирољубив: но кога им зборував, тие војуваа против мене без причина.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…