Стар Завет · Псалми

Безнадежна состојба и молитва за помош.

До кога, Господи, сосема ќе ме забораваш, до кога ќе го одвраќаш лицето Свое од мене? До кога ќе размислувам во душата своја, и ќе жалам во срцето свое дење и ноќе? До кога непријателот мој ќе се издига над мене? Погледај, чуј ме, Господи, Боже мој! Просвети ги очите мои, за да не заспијат некако со сон смртен да не рече непријателот мој: „го надвив.” Гонителите мои ќе се зарадуваат, ако почнам да премалувам. Јас, пак, се надевав на Твојата милсот; срцето мое ќе се зарадува заради спасението од Тебе; ќе му пеам на Господа, Кој ми направи добрини и ќе го воспевувам името на Севишниот Господ.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…