Стар Завет · Псалми

Надежта во Бога спасува.

Ги кревам очите мои кон Тебе, Кој живееш на небесата. Ете, како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите нивни, како очите на слугинката – кон раката на господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господа, нашиот Бог, сè додека не се смилува. Смилуј се на нас, Господи, смилуј се, зашто многу сме понизени со презир зашто се преполни душата наша од навреди на силните и од понижување на горделивите.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…