Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…
Стар Завет · Псалми
Молитва за помош против непријателите на Сион.
Многумина се бореа против мене уште од младоста моја – нека каже Израилот многупати војуваа против мене од младоста моја, но не ме совладаа. На плешките мои грешниците дејствуваа, продолжувајќи со своето беззаконие. Но Господ праведен ги расече јажињата на грешниците. Нека се засрамат и нека свртат назад сите, кои го мразат Сион! Нека бидат како тревата на покрив, која се исушува пред да биде истргната, со која жетварот нема да ја исполни раката своја, ни прегратката своја оној што ја врзува во снопови. А минувачите не рекоа: „Благословение Господово на вас; ве благословуваме во името на Господа!”
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце;…
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата…