Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…
Стар Завет · Псалми
Молитва на потиштен цар.
Услиши го, Боже, моето молење, прими ја молитвата моја. Кон Тебе повикав од крајот на земјата, кога срцето ми папса. Ќе ме издигнеш на карма и мир ќе ми дадеш. Ме упати, зашто Ти беше моја надеж, крепосен заклон од непријателот. Ќе се населам вечно во Твоето живеалиште и ќе се засолнам под покривот на Твојата закрила. зашто Ти, Боже, ги чу моите молитви и им даде населедство на оние, кои се бојат од Твоето име. Додај му уште денови кон деновите царски и продолжи му ги годините од род во род, за да биде твој вечно пред Бога; милост и вистина сака тој. И така, со песна ќе го воспевам Твоето име и ќе ги извршувам своите завети од ден во ден.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце;…
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата…