Стар Завет · Псалми

Бог е цар на вселената.

Господ се зацари; се облече во велелепие, Господ се препаша со сила, затоа што вселената ја зацврсти и нема да се разниша. Твојот престол е утврден од почетокот на времето; Ти постоиш отсекогаш. Ги издигнаа реките, Господи, ги издигнаа реките гласовите свои. Но од бучесњето на многуте води, чудесни се морските бранови, чудесен е Господ во висините Свои. Сведоштвата Твои се многу уверливи. На твојот дом, Господи, му припаѓа светост за долго време.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…