Стар Завет · Псалми

Благодарност за победите во минатото.

Господи, со Твојата сила ќе се весели царот и за спасението од Тебе безмерно ќе се радува. Ти му даде, она што срцето негово посака, и молбата на устата негова не ја отфрли, зашто Ти го пресретна со добри благослови, му возложи на главата венец со скапоцени камења. Тој побара од Тебе живот, а Ти му даде долголетие во веки веков. Голема е славата негова поради спасението од Тебе; Ти го покри со чест и величие.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…