Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…
Стар Завет · Псалми
Молитва за заштита.
Ког Тебе, Господи, ја издигнувам душата своја. Боже мој, на Тебе се надевам, да не се посрамам довека, да не ме исмејуваат непријателите мои, да не се засрамат оние што се надеваат на Тебе; да се посрамат оние, што вршат беззаконија без причина. Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои. Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден. Спомни Си ги штедростите Твои, Господи, и милостите Твои, зашто се вечни. Гревовите на младоста моја и незнаењето мое не ги споменувај; по милоста Своја сети се на мене, заради Твојата доброта, Господи!
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце;…
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата…